Фото: Принтскрин

Трамп вели дека ќе ги укине санкциите против Турција, подготвен е да ѝ продаде авиони „Ф-35“

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека Вашингтон ќе ги укине санкциите воведени врз Турција во 2020 година, откако Анкара купи руски ракети С-400 во 2019 година. Трамп изрази подготвеност да ѝ продаде борбени авиони „Ф-35“ на Турција, објави „Ројтерс“.

„Ќе ги укинеме санкциите“, им рече Трамп на новинарите во Анкара, пред средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Зборувајќи за можноста за продажба на борбени авиони „Ф-35“, Трамп рече:

„Турција е, во многу погледи, полојална од другите земји за кои би помислиле дека се лојални. Тоа е одличен авион, најдобар“.

Според американскиот закон, Турција не може да има ракети С-400 ако сака борбени авиони „Ф-35“.

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, вчера побара од Соединетите Американски Држави да не ѝ продаваат на Турција авиони-ловци „Ф-35“, за да не се наруши балансот на силите во регионот.

Нетанјаху бара од Трамп да не ѝ продава авиони „Ф-35“ на Турција: „Режимот е заразен од Муслиманско братство“

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот