Трамп ужива голема предност во анкетите за претседателски кандидат на републиканците
Доналд Трамп има големо водство пред неговите ривали за републиканската претседателска номинација на само пет дена пред почетокот на изборниот натпревар по сојузните држави, покажува анкетата на Ројтерс и Ипсос објавена во средата.
Препорачано
Поранешниот претседател го поддржуваат 49 отсто од републиканците, додека поранешната гувернерка на Јужна Каролина Ники Хејли ја доби поддршката од 12 отсто од републиканците, а гувернерот на Флорида Рон Де Сантис 11 отсто. Околу 18 отсто од анкетираните изјавиле дека не знаат кого ќе поддржат.
Во истражувањето на национално ницо, анкетирани се 1.941 Американец кои се идентификуваат како републиканци, што значи дека не е нужно предвидливо кој ќе победи на изборите во понеделник во Ајова, први од државните номинациски избори што ќе одредат кој ќе се обиде да го собори демократскиот претседател Џо Бајден на изборите на 5 ноември.
Повеќето истражувања на Ројтерс и Ипсос, спроведени од август, покажаа дека Трамп ја ужива поддршката на околу половина од републиканскиот електорат.
Хејли и ДеСантис разменија удари на републиканската дебата на која повторно не се појави Трамп


