Трамп смета дека Русија не стои зад експлозијата на гасоводот „Северен поток“

Доналд Трамп/ Фото: ЕПА

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во интервју за „Фокс њуз“ изјави дека Русија не е одговорна за експлозијата на гасоводите Северен поток во септември минатата година и навести дека САД би можеле да бидат вмешани во инцидентот.

Не сакам да ја доведам нашата земја во неволја, затоа нема да одговорам. Но, можам да ви кажам кој не беше – Русија. Тоа не беше Русија. Ја обвинија Русија. Знаете дека тие рекоа: Русија го разнесе сопствениот гасовод, истакна Трамп.

Гасоводите Северен поток 1 и 2 беа уништени во септември минатата година од серија експлозии кои, според се, несомнено е дека биле предизвикани намерно.

За време на експлозиите ниту еден од четирите гасоводи не беше активен, Северен поток 2 поради санкции и Северен поток 1 Русија претходно го затвори поради дефекти што не можеше да ги поправи поради санкциите. Но, гасоводите беа полни.

Истражителите во Шведска и во Данска, земјите во чиишто ексклузивни економски зони се случија експлозиите, потврдија дека инцидентите биле резултат на саботажа, но не посочија виновник.

Москва постојано ги отфрла обвинувањата дека стои зад експлозиите и се обидува да го обвини Западот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот