Брновиќ и Трамп / Фото: Икс

Трамп се пишмани, не го праќа Марк Брновиќ за американски амбасадор во Србија

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја повлече номинацијата на Марко Брновиќ за амбасадор во Србија, според одлуката објавена на веб-страницата на Комитетот за надворешни работи на Сенатот на САД.

Како што пренесува „НоваС“, причините за повлекување на номинацијата на Брновиќ не се наведени. На крајот на март, Трамп го номинираше Брновиќ, член на Републиканската партија и поранешен државен обвинител на Аризона, за амбасадор во Белград.

Иако номинацијата набрзо стигна до Комитетот за надворешни работи на Сенатот, Брновиќ не се појави пред тоа тело кое ги потврдува назначувањата.

САД немаат амбасадор во Белград од јануари оваа година, кога Кристофер Хил ја напушти таа позиција по враќањето на Трамп во Белата куќа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот