Фото: скриншот

Трамп откри нов рок кога Америка би можела да се повлече од Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот изјави дека САД би можеле да ја завршат својата воена кампања против Иран во рок од две до три недели, објави „Ројтерс“.

— Ќе си заминеме многу бргу — им рече тој на новинарите во Овалната соба во Белата куќа, додавајќи дека повлекувањето може да се случи „во рок од две недели, можеби две недели, можеби три“.

Оваа изјава е досега најјасниот сигнал од Трамп дека има намера наскоро да стави крај на едномесечната војна, која го преобликува Блискиот Исток, ги наруши глобалните енергетски пазари и ја смени насоката на претседателскиот мандат на републиканецот.

Трамп додаде дека Техеран не мора да постигне договор со Вашингтон за конфликтот да заврши.

— Иран не мора да постигне договор, не. Не, не мора да склучат договор со мене — рече тој, прашан дали успешната дипломатија е предуслов САД да го намалат конфликтот.

Наместо тоа, според Трамп, условот за прекин на операцијата е Иран да биде „вратен во камено доба“, односно да нема можност наскоро да набави нуклеарно оружје.

— Тогаш ќе си заминеме — рече тој.

Конфликтот почна на 28 февруари, со заеднички американско-израелски напади врз Иран, по што Техеран возврати со удари врз Израел и цели во регионот поврзани со САД. Војната сега е во петтата недела, а паралелно со нападите се засилуваат и дипломатските сигнали за можен крај на операциите.

Хегсет: Промената на режимот во Иран е веќе постигната, наредните денови се клучни

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот