Американски војници во Иран? Трамп вели дека и тоа не е исклучено
Американскиот претседател Доналд Трамп ја остави отворена можноста за испраќање американски војници во Иран „доколку е потребно“, велејќи дека не е загрижен за анкетите што покажуваат незадоволство на дел од јавноста од нападите, објави Њујорк пост“.
Препорачано
„Немам никаква трема кога станува збор за копнените сили – како што вели секој претседател, нема да има војници на терен“. Не го велам тоа. Велам „веројатно нема да ни треба“, [или] „ако ни треба““, изјави денеска Трамп за „Њујорк пост“.
Ројтерс и Ипсос објавија анкета за време на викендот, според која 43 проценти од Американците не одобруваат напади врз Иран. Трамп, сепак, стави до знаење дека таквите податоци не го загрижуваат.
„Не мислам дека анкетите се лоши. Без разлика дали се лоши или не, мислам дека веројатно се во ред. Но, не станува збор за анкетите. Не можете да дозволите Иран, земја управувана од лудаци, да има нуклеарно оружје“.
Трамп додаде дека верува оти граѓаните се импресионирани од американските воени акции во Иран.
„Мислам дека луѓето се многу импресионирани. Постои тивко мнозинство, ако се направи вистинска анкета, тивка анкета, што го поддржува тоа“.


