Ерика Кирк и Трамп/Фото: CNP / MediaPunch / imago stock&people / Profimedia

Трамп ја назначи вдовицата на Чарли Кирк во одборот на Воздухопловната академија

Претседателот Доналд Трамп ја назначи Ерика Кирк, вдовица на конзервативниот активист Чарли Кирк, во одборот на посетители кој е задолжен да дава препораки за Академијата на воздухопловните сили на САД до секретарот за војна и претседателот, објавија американските медиуми вчера.

„Претседателот Трамп направи совршен избор со назначувањето на Ерика Кирк“ во одборот на гувернери на Академијата на воздухопловните сили на САД, изјави портпаролката на Белата куќа Оливија Велс за  „Ју-Ес-Еј Тудеј“.

Името на 37-годишната Ерика Кирк се појавува на официјалната веб-страница на Одборот на гувернери на оваа воена академија со седиште во Колорадо Спрингс.

Одборот на посетители на Академијата на воздухопловните сили на САД е составен од 16 члена и ги надгледува етиката, дисциплината, наставните програми, обуката, опремата, финансиските работи и академските методи на оваа воена институција. Тој дава препораки до Министерството за одбрана секоја година.

Чарли Кирк беше член на овој одбор сè до неговото убиство во септември на кампус во Јута.

По смртта на нејзиниот сопруг, Ерика Кирк го презеде водството на неговото движење, Turning Point USA, конзервативна младинска организација.

Израел посмртно ќе го одликува Чарли Кирк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот