Доналд Трамп, претседател на САД/Фото: EPA/STEFANI REYNOLDS / POOL

Трамп ги критикува демократите за блокадата на владата

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека Демократската партија е виновна за затворањето на владата на САД, додавајќи дека републиканците се оние кои речиси едногласно гласаат за прекин на затворањето, додека демократите одбиваат да го сторат тоа, нарекувајќи ги „луди луѓе кои го изгубиле компасот“.

„Демократите мора да ја остават земјата да се движи, а јас ќе седнам со нив и ќе го решиме тоа. Знаете што треба да направат? Сè што треба да направат е да кренат пет раце. Не ни требаат сите“, рече Трамп во интервју за Си-би-ес.

Претходното затворање на владата беше во 2018-2019 година за време на првиот мандат на Трамп и траеше 35 дена, завршувајќи со компромис меѓу Трамп и демократите по разговорите во Белата куќа. На прашањето дали повторно ќе го стори истото, Трамп одговори негативно.

„Нема да го направам тоа така што демократите ќе ме притискаат. Нешто не е во ред со овие луѓе“, рече Трамп, додавајќи дека верува оти демократите на крајот ќе се откажат и ќе гласаат за прекин на затворањето.

Зборувајќи за Законот за прифатлива здравствена заштита, попознат како „Обамакер“, Трамп рече дека здравствената заштита е „лоша и премногу скапа“ и дека проблемот може да се реши во соработка со демократите, но дека тие не попуштаат.

Затворањето на американската влада започна пред еден месец, а според Си-би-ес, може да надмине рекордни 35 дена за неколку дена.

Демократите во американскиот Сенат ги блокираат напорите за повторно отворање на владата сè додека републиканците не се согласат да ги продолжат владините субвенции за повеќе од 20 милиони Американци кои го користат „Обамакер“ за своето здравствено осигурување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот