Доналд Трамп / Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Трамп бара апсење демократи, сподели повик да одат на бесилка

Американскиот претседател Доналд Трамп, реагирајќи на видео на шестемина демократи, оцени дека нивниот настап претставува „бунтовничко однесување на највисоко ниво“ и тврди дека тие го загрозуваат уставниот поредок. Потоа тој сподели објава што повикува демократите да бидат обесени „како што би направил Џорџ Вашингтон“, а подоцна додаде дека станува збор за „бунтовничко однесување казниво со смрт“.

Американскиот претседател Доналд Трамп во четвртокот повика шестмина демократи да бидат уапсени и изведени на суд откако тие објавија видео во кое ги охрабруваат припадниците на американската војска и разузнавачката заедница да одбијат да ги следат наредбите доколку тие се незаконски, објави „Политико“.

„Тоа се нарекува бунтовничко однесување на највисоко ниво. Секој од овие предавници на нашата земја треба да биде уапсен и изведен на суд. Нивните зборови не смеат да останат без последици – нема да имаме држава повеќе. Мора да се постави пример,“ обвини Трамп во објава на неговата платформа „Трут сошал“.

Потоа претседателот повторно сподели 16 објави, вклучително и една која повикува демократите да бидат обесени, „како што би направил Џорџ Вашингтон“.

„Бунтовничко однесување, казниво со смрт!“ напиша тој подоцна.

Фото: Принтскрин / Truth Social

Сенаторите Елиса Слоткин (демократ од Мичиген) и Марк Кели (демократ од Аризона), како и конгресмените Џејсон Кроу (Колорадо), Криси Хулахан (Пенсилванија), Меги Гудландер (Њу Хемпшир) и Крис Делузио (Пенсилванија), се појавија во видеото објавено во вторникот. Тие сите се или воени ветерани или работеле во безбедносни служби пред да влезат во политиката.

„Знаеме дека сте под огромен стрес и притисок во овој момент. Американците ѝ веруваат на својата војска. Но, тој кредибилитет е загрозен. Оваа администрација ги спротивставува униформираните војници и разузнавачките професионалци на американските граѓани. Како и ние, и вие се заколнивте да го штитите и браните Уставот. Заканите по нашиот Устав не доаѓаат само однадвор, туку и однатре. Нашите закони се јасни — можете да одбиете незаконски наредби,“ изјавија тие.

Тенеси го стопираше распоредувањето на Националната гарда во Мемфис

Како дел од најавената акција за справување со уличниот криминал и засилување на депортациите, Трамп ја федерализираше Националната гарда во неколку американски градови, меѓу кои Вашингтон, Чикаго и Портланд. Демократските функционери тврдат дека распоредувањата претставуваат незаконски федерален прекршок и поднесоа тужби за да ги запрат.

Ниеден од демократите во видеото веднаш не одговори на барањата за коментар во врска со заканите на Трамп. Но, Трамп продолжи да реагира гневно и во четвртокот.

„Ова е навистина лошо и опасно за нашата земја. Нивните зборови не смеат да останат без реакција. Седициозно однесување од предавници… да ги затвориме?“ напиша тој подоцна.

Повлечени дел од војниците на Националната гарда кои беа распоредени во Чикаго и Портланд

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот