Трајанов: Од предлогот на министрите ќе зависи поддршката од ДС за новата влада

павле трајанов демократски сојуз
Павле Трајанов, Демократски сојуз / Утрински брифинг

Претседателот на Демократски сојуз Павле Трајанов останува на барањата да се формира агенција за борба против корупцијата, ревизија на политички монтираните случаи, измени на Изборниот законик за Македонија да биде една изборна единица. Тој денеска треба да се сретне со мандатарот Димитар Ковачевски.

-Од предлогот на министрите во новата влада ќе зависи и нашата поддршка. Клучно е кои се министри ќе бидат предложени. Ако се предлагаат министри кои не можат да направат пресврт во новата влада, нема причина да поддржиме таков состав на владата – вели Трајанов.

Неофицијално, на првата средба на Ковачевски и експремиерот Зоран Заев со помалите партии начелно било договорено Зоран Димитровски од ДС од заменик министер во локална самоуправа да се префрли во Министерството за надворешни работи на истата позиција. Ова било побарано бидејќи, откако Алтернатива ја доби таа функција, во МНР и на министерската и на заменичката позиција се двајца Албанци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот