Трагедија во Белград: Две момчиња се удавија на Ада Циганлија

Фото: Ksenija Takic / Google Maps

Полицајци и членови на нуркачката единица на Жандармеријата попладнево од езерото на Ада Циганлија во Белград ги извлекле телата на две шеснаесетгодишни момчиња кои се водеа како исчезнати откако влегле во езерото и не испливале, јавиja локалните медиуми.

Во полицијата околу 17:30 часот било пријавено дека голем број матуранти, но и помлади средношколци кои го прославувале крајот на школската година, влегле во вештачкото Савско Езеро на Ада Циганлија, а двете помлади момчиња не излегле од водата.

Полициски патроли, како и Нуркачката единица на Жандармеријата, веднаш биле испратени на местото на настанот и ја започнале потрагата.

Српското МВР уште еднаш апелираше до децата и родителите да не влегуваат во езерото на Ада Циганлија бидејќи со тоа си го ризикуваат животот.

„Имајте предвид дека сезоната за капење не е отворена кај Ада Циганлија и затоа нема дежурна спасувачка служба на ова место“, се вели во полициското соопштение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот