Торта која ги буди сите сетила: Раскошен десерт со јагоди во кој секој ќе ужива!

Фантастичен десерт за целото семејство…

Состојки за чоколадниот бисквит:

– 4 јајца
– 200 грама шеќер
– 70 грама путер
– 70 грама чоколадо
– 60 мл млеко
– 60 мл врела вода
– 1 лажица арома од ванила
– 200 грама остро брашно
– 40 грама горко какао
– 2 лажици прашок за печиво
– прстофат сода бикарбона и сол

За сирупот за натопување на бисквитите:

– 150 мл млеко
– 150 мл крем ликер

За фил од јагоди со путер:

– 700 мл пире од јагоди
– 70 грама скробно брашно
– 100 грама шеќер
– 1 лажица арома од ванила
– 70 грама путер

За крем од кокос и ванила:

– 500 мл кокосово млеко
– 100 мл пина колада крем ликер
– 4 жолчки
– 90 грама скробно брашно
– 100 грама шеќер
– 1 шлаг од ванила + 100 мл млеко

Прочитајте и...  Драгана Велковска: Сите отворени прашања поврзани со луѓето, животните и животната средина се приоритет

Подготовка:

Најпрвин сварете го кремот, така што ќе разматите скробно брашно со шеќер во крем ликерот, па додадете ги пенасто изматените жолчки.

Загрејте го кокосовото млеко (литар вода и 250 гр кокосово брашно даваат 900 мл прекрасно густо млеко) и сварете густ крем.

Префрлете го во сад за ладење, прекријте ја површината на кремот со проѕирна фолија. Додека да се олади кремот, се мати бисквитот: жолчките изматете ги пенасто со шеќерот, измешајте го стопениот путер со чоколадо, додадете го млекото и врела вода.

Измешајте ги преостанатите состојки и снегот од белките.

Лим за торта (24 см) обложете го со хартија за печење, налијте ја смесата.

Печете на 175 степени, направете тест со чепкалка.

Прочитајте и...  Лепа Брена со фотографиите од пред 33 години ја разбуди носталгијата кај фановите

Оладениот бисквит пресечете го на 3 еднакви кори (исечете го горниот тврд дел).
На лесен оган загрејте го пирето од јагоди (во помал дел разматете го скробното брашно со шеќер и ванила), сварете го кремот и додадете го и путерот.

Долниот дел од бисквитот ставете го на плех, поставете го обрачот, натопете го со мешавина од млеко и ликер, па премачкајте го со топол фил од јагоди.

Ставете го во замрзнувач на кратко да се стегне, премачкајте го со крем од кокос и ванила во која сте го сматиле и шлаг кремот подготвен со 100 мл млеко (не како што пишува на кесичката).

Поклопете со другиот бисквит, исфилувајте го до крај, па украсете по желба.

Прочитајте и...  Кејт Мидлтон откри што ѝ било најтешко во екот на пандемијата

Дополнително:

Разладената торта можете да ја прелиете со глазура – 100 грама чоколадо + 4 лажици масло.
Измазнете ја тортата со шпатула и околу залепете класичен чоколаден обрач – чисто растопено чоколадо премачкано по лентата на хартијата за печење.

Горе украсете со чоколаден шлаг крем, чоколадни трошки и јагоди во чоколадо.

Прочитај повеќе

Лепа Брена со фотографиите од пред 33 години ја разбуди носталгијата кај фановите

Слободен печат

Џенифер Лопез ќе биде газдарица на бејзбол-тим!

Слободен печат

Изуми што го променија светот: Го сакате пивото и не можете без ви-фи? Заблагодарете им на овие жени!

Слободен печат

Исплива ценовникот на Тијана Ајфон: Заработува и по 1.000 евра за една ноќ, а сталните муштерии добиваат попуст

Слободен печат

Кејт Мидлтон откри што ѝ било најтешко во екот на пандемијата

Слободен печат

Опасните жени се секогаш посебни: За фаталната Југословенка мечтаеле сите, а поминала голгота

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Северина молчи, ама Игор се огласи: На Инстаграм даде до знаење што мисли за проблемите во бракот

Слободен печат

Јапонската шума на самоубиствата: Зеленото море на самотијата на стотина километри од Токио (ВИДЕО)

Слободен печат

Здравко Чолиќ слави роденден: Се имаше, се трошеше и никогаш не зажалив!

Слободен печат

Овие 5 хороскопски знаци се најголеми трошаџии: Не знаат за граница и секогаш влегуваат во долгови!

Слободен печат

Драгана Велковска: Сите отворени прашања поврзани со луѓето, животните и животната средина се приоритет

Јасмина Кантарџиева Димков

Ортопедите советуваат што мора да правите за да имате здрави зглобови

Слободен печат