Топлиот пијалак направен од ова овошје прави чуда: Го регулира шеќерот во крвта и ги штити бубрезите

unsplash
Фото: Unsplash

Чајот од брусница благотворно делува на многу заболувања, особено на оние на урогениталниот тракт.

Освен што има здравствени придобивки, овој чај е и вкусен и многумина сакаат да го пијат како омилен топол пијалак.

Брусницата е здрава нискокалорична намирница, богата со влакна, витамини и минерали, меѓу кои преовладуваат витамините Ц, А, Е, минералите калциум, калиум, магнезиум и железо. Богата е со антиоксиданти, на кои им ги должи своите моќни лековити својства.

Бубрезите се одговорни за елиминирање на токсините, одржување на пХ на крвта, балансирање на електролитите и производство на одредени хормони.

Како такви, тие се многу важни за правилното функционирање на целиот организам. Особено е потребно да се води сметка за нивното здравје. Со цел да се спречи формирањето или да се помогне да се исфрлат веќе формираните камења во бубрезите, од голема помош е чајот од брусница.

Брусницата е богата со антиоксиданти, витамин Ц и влакна, а токму поради својот богат состав е многу моќна во лекувањето на голем број здравствени проблеми. Овој плод содржи и урсолна киселина, која има неверојатни антиинфламаторни (противвоспалителни) својства.

Како што веќе споменавме, чајот од брусница помага за заштита на здравјето на бубрезите, но и за исфрлање на камењата.

Свежата брусница, како и чајот, се користи во превенција и лекување на сите видови бактерии на уринарниот тракт. Одличен лаксатив е, го помага варењето, ја стабилизира работата на дигестивниот тракт. Чајот е добар за дијабетичари, бидејќи го регулира нивото на шеќер во крвта. Го чува здравјето на црниот дроб, а редовното пиење ја поттикнува елиминацијата на наталожените токсини. Лекува инфекции на кожата и очите и генерално е добар во лекувањето на бактерии и габи.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот