Рим топлотен бран/Фото: EPA-EFE/FABIO FRUSTACI

Топлотен бран во Италија: Утре црвен аларм во 18 градови поради горештините

Во 18 градови во Италија, утре ќе има „црвена“ тревога поради топлотниот бран, објави италијанското Министерство за здравство.

Во Рим и Фиренца се очекува термометарот да достигне 38 степени, додека во Неапол и Милано ќе биде 37.

На островот Сардинија и во пошироката област на Бари, температурата, според прогнозите, ќе надмине 40 степени.

Како што нагласуваат италијанските власти, топлината и влажноста можат да предизвикаат сериозни проблеми, не само за постарите лица и граѓаните кои припаѓаат на ранливите категории, туку и за луѓето кои не се соочуваат со хронични здравствени проблеми.

Италијанското Министерство за здравство им советува на граѓаните да избегнуваат патувања од 11 до 18 часот, како и спортување на отворени простори. Во исто време, во однос на исхраната, советот е да се стави акцент на риба, тестенини, зеленчук и овошје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот