Том Круз откри што му помогнало успешно да ги сними ризичните сцени за новиот филм „Невозможна мисија“
Легендарниот актер Том Круз е познат по своите каскадерски изведби во речиси сите филмови што ги снима, а изведуваше и акробации на снимањето на новиот филм „Невозможна мисија – Последната одмазда“. Сега тој откри како се подготвувал пред каскадерските зафати што се доста тешки за изведба.
Препорачано
Круз сака да го поминува времето во Велика Британија и има дом таму. Затоа често ужива во британската кујна, а традиционалниот оброк му помага да се подготви за опасните сцени.
„Всушност, јадам обилен појадок. Колку енергија е потребна – толку напорно тренирам за да одам на крилјата. Јадам, да речеме, колбаси и речиси 12 јајца, сланина, тост со кафе и течности. О, јадам многу! Замислете: Ладно е горе. На голема надморска височина сме. Моето тело троши многу енергија“, открил тој во интервју за „Пипл“.
Марк Волберг, кој откри дека јадел 12 јајца дневно за улогата во филмот „ Отец Сту“, и Двејн „Карпата“ Џонсон, кој претходно открил дека јаде 12 цели јајца и осум белки од јајца по тренинг, имале слична диета.
Трејлерот за новиот дел од хит филмот „Невозможна мисија“ го прикажува Том во улогата на агентот Итан Хант кој го ризикува својот живот на крилата и трупот на двокрилен авион во лет.
Круз сонувал за вакви сцени уште од детството.
„Се сеќавам дека гледав стари видеа одејќи по крилата. Тие авиони летаа, не знам, со 60 до 80 километри на час. Овој авион се движи со над 190 километри на час. Излегувајќи таму, сфатив дека е неверојатно“, рече тој.


