Токио се откажува од Олимписките игри?

фото: твитер

Организаторот на Летните Олимписки игри се сомнева дека Токио и наредната година ќе биде домаќин…

Претседателот на организацискиот комитет на Олимписките игри, Јоширо Мори е скептичен за идржување на Игрите и наредната година.

ЛОИ требаше да се одржат ова лето во Токио, но поради пандмеијата на коронавирусот, тие се одложени за наредното лето. Новиот датум за одржување на Игрите е 23 јули-8 август 2021 година, но Мори не е сигурен дека и тогаш би се одржале игрите.

– Доколку Игрите не се одржат наредното лето од 23 јули до 8 август, а и тој датум е под знак прашање, тогаш ЛОИ ќе бидат откажани. Токио нема да биде домаќин – изјави Мори во интервју за „Никан Спорт“.

Оваа изјава на првиот човек на организацискиот одбор е резултат на истражувањето на водечките јапонски инфектолози.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот