ТОКИО – прво родово балансирано издание на ЛОИ

ОИ жени
Фото: EPA-EFE

Олимписките игри во Токио веќе можат да се пофалат со најмалку два рекорда: тие се први без публика поради вонредната состојба со ковид-19 и исто така први со речиси 49% жени спортистки. За МОК (Меѓународен олимписки комитет) ова е прво „родово балансирано“ издание, односно избалансирано во однос на еднаквоста. Расте и процентот на жени во Извршниот комитет на Игрите, по назначувањето на новиот претседател (жена!), поранешната лизгачка и министерка за спорт, Хашимото Сеико. Таа го зголеми процентот на жени во организацискиот комитет во Токио на 42% и создаде тим за промовирање на родова еднаквост, доверен на спортската директорка Котани Микако.

мари џозе та лу
Фото: Мarie Josee Ta Lou / EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Сексистички гаф: Состаноците ќе бидат долги зашто жените многу зборуваат

Промената, можеби, се должи и на сексистичкиот гаф кој го направи, минатиот февруари, Јоширо Мори, поранешен премиер на Јапонија и претседател на организацискиот комитет: „Состаноците ќе бидат многу долги, присуството на жени бара многу време, тие имаат потешкотии со затворање на говорите, во спротивно ќе мора некако да го ограничат времето на говорење“.

Гафот, се разбира, бомбастично го пренесе и светскиот печат. Овие зборови на Мори Меѓународниот олимписки комитет веднаш ги оцени како „целосно несоодветни“, а него пак, го чинеа оставка и покрај обидот да се намали инцидентот.

ФОТО: Македонија на ЛОИ во Токио ја претставуваат осум спортисти, а од нив три се жени

Рекорден број на натпреварувачки во Токио

Стамата Ревити, грчка атлетичарка и маратонка која го истрча маратонот долг 40 километри за време на Летните олимписки игри во Атина, 1896 година, (Игрите ги исклучија жените од конкуренција, но Ревити инсистираше да ѝ биде дозволено да учествува), дури 125 години подоцна го освои својот животен маратон – да ги види спортистките еднакви по бројност со машките спортисти на Олимписки игри и со еднакво право на учество во сите спортови.

Ревити беше единствената жена што ја оспори забраната на таткото на модерните олимписки игри Пјер Де Кубертин, за учество на Игрите во Атина (1896 г.) и беше запрена на влезот на Олимпискиот стадион пред да ги заврши истрчаните 42 километри. Денес нејзиното победничко злато го носат сите спортистки кои се натпреваруваат на Олимписките игри во Токио и кои со бројката направија историска пресвртница: паритет со нивните машки колеги, а во некои дисциплини дури и ги претекнаа!

Xueying Zhu
Фото: Xueying Zhu/ EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH

Бројките, сепак, се најдобриот показател за да се разбере долгото патување на жените во историјата на Олимписките игри: од Париз 1900 година кога тие беа 22 од 997 спортисти во пет спортови (тенис, едрење, крокет, јавање и голф) до Рио, 2016 година, кога жените беа над 45% од учесниците, односно 5.176 натпреварувачки од вкупно 11.444 спортисти. Олимписките игри во Лондон во 2012 година беа први на кои жените се натпреваруваа во сите спортови на олимписката програма.

Олимписките игри, спортистките и проблемите на инклузивност: Сакам да заплачам, момци, не разбирате низ што поминав годинава!

Политиката на МОК се промени во последниве години и уште еднаш бројките ја покажуваат разубавената слика на напредокот во родовата еднаквост: од мај 2020 година жените претседаваа со 11 од 30 комисии на МОК, а во 2020 година жените достигнаа 47,7% од позициите во комисиите, за разлика од 2013 година, кога беа во процент од 20%.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот