Тодор Гечевски е новиот спортски директор на Работнички

Поранешниот македонски репрезентативец Тодор Гечевски и официјално е новиот спортски директор на кошаркарскиот клуб Работнички.
Ваквата одлука доаѓа непосредно пред квалификацискиот турнир за ФИБА Евро-Купот кој ќе се организира во Скопје од 2 до 5 октомври.
Потсетување дека Работнички ќе игра во квалификациската група „А“ со Донар Гронинген (Холандија), Сабах (Азербејџан) и Рапид Букурешт (Романија).
Гечевски очекува добра сезона за КК Работнички, како во домашните натпреварувања, така и на меѓународната сцена.
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски вели дека со стабилниот буџер и подготвеноста на тимот очекува очекувањата се нови победи и враќање на стариот сјај.
Воедно Герасимовски ги повикува навивачите да излезат на трибини и заедно да ја дадат поддршката да го бодрат клубот да се врати на старите победнички патеки.