Тито Петковски: Влезе Бугарија во коалицијата на Хитлер- започна окупацијата на Македонија

Не сакам за судам за ставовите на Заев, за одредени прашања, но имам право гласно да кажам дека не се солгасувам со неговите ставови за оваа тема- рече Петковски.

Тито Петковски, претседател на НСДП вечерва гостуваше во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5, говореше за потеклото на неговото име и проблемите со Бугарите во 1945 година.

-Роден сум веднаш пред самиот чин на завршувањето на Втората Светска војна, но од тогаш досега поминаа 75 мои години и повторно се соочувам со истиот проблем, негирањето од страна на истиот сосед. Да биде иронијата најголема тие најмногу го напаѓаат Јосип Броз Тито. Има работи со кои не се согласувам во Зоран Заев, но дефинитивно ние во Македонија мора да признаеме дека ниту имаме вербален деликт и секогаш се залагаме за транспарентност на политичарите. Не сакам за судам за ставовите на Заев, за одредени прашања, но имам право гласно да кажам дека не се солгасувам со неговите ставови за оваа тема- рече Петковски.

Заев беше отворен, вели Петковски, кажа што мисли, може да се согласуваме, може да не се согласуваме, затоа реков вали тој, не може на Заев некој да му забележи што отворено кажа.

-Можеби е стратегија на Заев да го испита пулсот на Бурагите, тоа интервју беше наменето за бугарската публика. Зарем мислите дека Заев е наивен, дека не знае дека интервјуто ќе се преведе во Македонија и ќе го гледаат Македонци, дека ќе предизвика толку револт, не верувам дека е толку наивен– рече Петковски.

Петковски рече дека во 1946 година се пренесени моштите на Гоце Делчев од Бугарија, поминати се низ цела Пиринска Македонија.

-Бугарија со почетокот на Втора Светска војна јасно се стави на страна Хитлеровската коалиција, Да се негира тоа дека е неточно, тоа го има и во нивните учебници. Влезе Бугарија во коалицијата на Хитлер- започна окупацијата на Македонија. Тогаш започна осмислена долгорочна стратегија на тогашна Царска Бугарија за асимилација на македонското население – вели Петковски.

Проектот за асимилација на Македонците не успеа, вели Петковски. Првите партизански одреди во Македонија беа формирани врз основа на инструкциите од Комунистичката партија на Југославија,  Јосип Броз Тито, беше на чело на Партизаните.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот