Тито ги исфрлил членовите на „Бијело дугме“ од сцената: Свиреле за него само осум секунди

Јосип Броз Тито / Фото: Profimedia

„Бијело дугме“ е една од највлијателните рок групи во регионот. Членовите на култниот состав станаа познати по нивната способност да комбинираат различни музички жанрови, а нивните стихови честопати носеа и подлабоки социјални и политички пораки. Голем број од нивните песни станаа евергрини, со кои пораснаа повеќе генерации, пишува „Стил“.

Групата била основана во 1974 година од страна на гитаристот Горан Бреговиќ, тогаш млад и талентиран музичар. Останатите членови од оригиналната постава на групата биле Жељко Бебек (вокал), Зоран Реџиќ (бас-гитара), ГоранИпе“ Ивандиќ (тапани) и Владо Правдиќ (клавијатури).


Сепак, ни „белите кочиња“ не останаа имуни на она што се случуваше по распадот на Југославија. Групата се распадна и повторно се обедини неколку пати во текот на нивната кариера, менувајќи ги составите и експериментирајќи со звукот. Без разлика на сѐ, нивната музика остана релевантна и ден-денес.

Говорејќи за политизацијата на музиката, Бреговиќ во една прилика опиша како изгледало кога свиреле пред југословенскиот претседател Јосип Броз Тито и се осврна на тврдењата дека неговата група била државен проект.

„А дека ‘Бијело дугме’ беше државен проект? Се сеќавам дека бевме поканети да свириме за Тито за Нова година. Некои од внуците на Тито ја пееле ‘Тако ти је мала моја кад љуби Босанац’, па сакаа да ја донесат групата што ја пееше таа песна бидејќи сметаа дека другарот Тито сака да ја чуе“, раскажа тој, додавајќи дека Тито, веднаш по почетокот на нивниот концерт, ги покрил ушите.

горан бреговиќ корча
Горан Бреговиќ / ФОТО: EPA/CARLO FERRARO

„Но, бидејќи Тито си ги покри ушите по пет секунди од нашиот концерт, бевме симнати од сцената по осум секунди откако почнавме да пееме. Така што, како државен проект успеав да свирам само десет секунди“, изјави Бреговиќ во интервју за „Недељник“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот