Тинејџери имале полов однос пред друг малолетник во установа за згрижување
Грозоморен чин се случил во установа за згрижување на деца во август оваа година, а што се случувало тогаш е пријавено во СВР Скопје вчера. Двајца малолетници на возраст од 15 и 16 години имале секс пред дванаесетгодишен малолетник на кој му се заканиле да не кажува.
Препорачано
– На 16.10.2025 во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување на деца, 16-годишен штитеник и 15-годишна штитеничка на установата имале сексуален односи пред 12-годишен штитеник на установата, по што 16-годишникот му се заканил на 12-годишникот да не кажува никому – соопшти МВР.
Во полицискиот билтен има уште два инциденти во установи за згрижување. Еден штитеник избегал, а другиот бил нападнат со тврди предмети.
-На 16.10.2025 во Полициска станица Карпош, од Јавна установа за згрижување на деца е пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник А.М.(16), кој и претходно се оддалечувал и бил враќан. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. Денеска (17.10.2025) во 09:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на 16.10.2025 околу 20:30 часот на подрачјето на Карпош, 15-годишен малолетник, штитеник на установа за згрижување на деца, бил физички нападнат од неколку лица кои употребиле тврди предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – пишува во билтенот.


