Тиндер-состанок од пеколот: Млада девојка необичните сексуални задоволства ги плати со живот

Фото: Профимедиа

Пред десетина дена во Нов Зеланд започна судењето на осомничениот за убиството на 22-годишната Грејс Милејн од Велика Британија.

За убиството е обвинет 27-годишен маж, кој наводно, ја задавил додека имале сексуални односи. Тој тврди дека нејзната смрт е несреќа која се случила за време на груб с*кс на кој се согласиле и двајцата.

На судењето стана познато дека Милејн често посетувала веб-страни на кои може да се пронајдат луѓе кои практикуваат груби и необични сексуални фетиши БДСМ (еротски практики или играње на улоги за време на секс кои вкучуваат врзување, доминација, субмисивност, садизам, мазохизам и други меѓучовечки динамики).

„И мене ми бараше да ја давам за време на половиот однос“

Адвокатот на обвинетиот како сведок го повика поранешниот партнер на Грејс Милејн кој пред судот потврди дека девојката барала од него да ја дави за време на односите и кажал дека за време на сексуалните игри користеле систем на „сигурносни зборови“ и сигнални за да се осигураат дека никогаш животот нема да ѝ биде доведен во опасност.

За време на судењето исто така стана познато дека Милејн вечерта кога починала консумирала големи количества на алкохол и дека поради таа причина за време на гушењето при сексуалните односи најверојатно било возможно да дојде до застој на срцето, пишува СкајЊуз.

Одбраната како сведок повика патолог кој ја вршел обдукцијата на нејзиното тело и тој објасни дека Милејн поради комбинација на попречување на проток на крвта, притисок врз нејзиниот нервен систем и алкохолизираната состојба починала многу брзо.

– Обдукцијата не покажа знаци на борба и човекот кој се наоѓал до неа можеби не бил свесен во каква опасност се наоѓа таа – додаде тој.

Исчезна минатата година, телото беше пронајдено девет дена подоцна во шума

Милејн исчезна на почетокот на декември минатата година во Окленд, а нејзиното тело беше пронајдено девет дена подоцна во куфер во блиска шума.

Истрагата покажала дека таа го загубила животот по состанок кој го договорила по пат на апликацијата Тиндер.

За убиството е обвинет маж 27-годишен маж со кого практикувала груб секс, за кој надлежните веруваат дека со раце ја задушил за време на половите односи.

– Само двајца луѓе знаат што се случило во таа соба. Една не може да ни каже, а другата досега не ја зборуваше вистината за тоа што се случило – рече обвинителот Робин Мекорби пред поротата составена од седум лица.

Обвинителот со воведниот збор прашал зошто осомничениот, ако учествувал во сексуални односи кои биле прифатливи за двете лица кои се претвориле во несреќа, не се обидел да ја спаси партнерката или да повика Брза помош.

Задушена на својот 22 роденден

Милејн загинала ноќта на својот 22 роденден. Таа патувала ширум светот откако завршила факултет во Англија. Во Окленд престојувала еден месец пред да биде задушена.

Обвинетиот на полицијата прво ѝ рекол дека со Милејн таа вечер бил на пијачка, но дека потоа двајцата тргнале по свој пат.

Подоцна признал дека тие отишле во хотелска соба и дека имале сексуални односи, кои станале „насилни“ и дека убиената девојка од него барала тој да ја задушува. По односите, тој одлучил да се истушира и заспал во креветот. На полицијата потоа ѝ објаснил дека телото на починатата девојка го пронашол утрината на под.

Обвинетиот почнал да плаче за време на судењето

Обвинетиот на судењето почнал да плаче кога неговиот адвокат Ијан Бурки ја изнесувал одбраната. Бурки рекол дека Грејс дожвеала несреќа која се случила за време на „обичен сексуален однос на двајца млади кои се запознале на апликацијата Тиндер“.

На првиот состанок прво посетиле неколку барови во Окленд, а потоа отишле во станот на обвинетиот.

– Чинот кој го смислиле и испланирале за да го зголемат сексалното задоволство тргнал во погрешна насока, што е причина за нејзината смрт – објаснува адвокатот, додавајќи дека девојката го охрабрувала задушувањето поради тоа што ѝ причинувало поголемо сексуално задоволство.

Обвинителите тврдат дека обвинетиот мирно и ладнокрвно ги сокрил доказите по смртта на Милејн

Обввинителите сепак тврдат дека треба да се земе во предвид се што се случувало по смртта на Милејн. Доказите покажуваат дека обвинетиот еден ден по настаните договорил уште еден состанок на Тиндер, купил средства за чистење и куфер, па изнајмил и автомобили.

– Тој мирно, ладнокрвно и методично настојувал да ги отстрани сите докази кои го поврзувале со Милејн – рече обвинителот Мекорби. Додаде и дека обвинетиот не бил воземирен поради несреќната смрт на Грејс.

Адвокатот на обвинетиот изјави дека некоки луѓе „лошо се однесуваат“ кога се соочуваат со тешки околности и тврди дека нејзината смрт не била убиство со намера.

На судењето стигнаа и родителите на убиената

За време на судењето ќе бидат сослушани 40 луѓе, а на првото сослушување во судницата присуствувале повеќе од 100 лица. Меѓу нив и родителите на убиената Грејс Милејн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот