Тимоние: Македонија мора да се справи со корупцијата која е видлива во администрацијата

Францускиот амбасадор во земјата, Кристијан Тимоние, денеска истакна дека нашата држава мора да спроведе сериозни реформи во јавната администрација.

– Суштински и квалитативни, а не квантитативни реформи и професионализација на администрацијата наспроти постојаната состојба на нејзина партизација –  порача францускиот амбасадор во Скопје, Кристијан Тимоние, на денешната конференција во Скопје „Како понатаму?“.

Тој додаде дека реформата на јавната администрација е многу важен дел во процесот на пристапување на Република Северна Македонија кон ЕУ.

– И покрај добрата оцена за земјата во извештајот на ЕК, Република Северна Македонија треба активно да работи на суштински реформи и да се справи што поскоро со корупцијата која е особено видлива во администрацијата – нагласи францускиот амбасадор во Скопје.

Важноста на реформите во јавната администрација ја спомена и Френк Јанмат од делегацијата на ЕУ во Македонија, порачувајќи дека истата е многу важна за европскиот пат на земјава.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот