Тимерманс сака да се кандидира за премиер на Холандија

Фото: EPA-EFE/Olivier Matthys / POOL

Потпретседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс побара да биде главен кандидат за премиер на новоформираната за парламентарните избори на 22 ноември во Холандија, политичка коалиција меѓу неговата „Партија на трудот“ и „Зелената левица“. Ова денеска го соопшти Тимерманс за холандската ТВ НОС.

На почетокот на неделава двете партии за првпат одлучија да излезат со заедничка листа на предвремените избори во Холандија. Светските агенции, повикувајќи се на весникот „Фолкскрант“, јавија дека Тимерманс ја напушта ЕК. Од Европската комисија одбија да дадат коментар на оваа тема, а се очекува самиот политичар денеска да ја соопшти својата одлука во Мастрихт.

Тој се смета за префериран лидер на листите на двете партии. Конечната одлука дали неговата кандидатура ќе биде заеднички покрената ќе биде донесена следниот месец.

За време на неговите речиси десет години во Брисел, покрај другите обврски, 62-годишниот потпретседател на Европската комисија беше одговорен и за Европскиот зелен договор, главната политика на ЕУ за ублажување на климатските промени.

Пред неговото именување во Брисел, тој беше министер за надворешни работи на Холандија од 2012 до 2014 година.

Претходната холандска владејачка коалиција на десниот центар неочекувано се распадна овој месец поради нејзината мигрантска политика. Премиерот Марк Руте тогаш објави дека нема повторно да се кандидира и дека ја напушта политиката. Тимерманс беше министер во неговиот претходен кабинет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот