Тие се пред развод: Ештон Качер и Мила Кунис побараа помош од експерт

profimedia

Парот кој има една ќерка и еден син е во брак од 2014 година, а се забавуваат од 2012 година. Сето тоа се случило по престанувањето на емитувањето на серијата „Весели седумдесети“, во која заедно глумеа.

Големата љубов на колегите од серијата „Весели седумдесети“ Мила Кунис (35) и Ештон Качер (41), како што пишуваат американските медиуми, е во таква криза што парот одлучил да побара помош од експерт.

Тие наводно се караат повеќе од било кога, а нивните брачни кризи имаат врска со воспитувањето на децата, животот во Холивуд, верата (Мила Кунис е будист, а Качер изучувал Кабала, а пораснал во католичко семејство), како и наводно, со љубомората.

profimedia

„Повеќе не сметаат дека е под честа да побараат помош од експерт бидејќи токму тоа им помага да останат заедно“, изјави извор близок на парот.

Пред да биде со Мила Кунис, Ештон Качер му стави крај на шестгодишниот брак со 15 години постарата Деми Мур (56).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот