„Ти беше мојот животен сон“: Се огласи 49 години помладата сопруга на милијардерот Ричард Лугнер, кој почина на 91-годишна возраст
Австрискиот мултимилијардер Ричард Лугнер (91) почина пред два дена, два месеци откако се ожени по шести пат, објавија странските медиуми. Пронајден е во неговата вила во Виена.
Препорачано
На почетокот на јуни се ожени со 42-годишната Симон Биенхен Рајландер. Сега таа се огласи на својот инстаграм-профил и му посвети емотивна објава.
„Ти беше мојот животен сон. А кога видов како твоите очи светкаат кога ме гледаш, знаев дека и јас сум твој. Со љубов“, напиша таа.

Рајландер треба да добие дел од наследството на Лугнер, што не им се допаѓа на членовите на семејството, особено на неговата ќерка Жаклин која мислела дека таа ќе биде наследник.
Да потсетиме, двојката помина низ трнлив пат додека не се венчаа. Тие се верија во октомври минатата година, но набргу потоа раскинаа.
Откако се смирија, организираа граѓанска венчавка. На свадбата во градското собрание поканија 50 гости, 30 новинари и бројни видеографи. Венчавката ја изврши истиот матичарот кој го венчаше Лугнер и со неговата поранешна сопруга Кети Лугнер.
„Сега сме оковани еден за друг“, рекол тогаш Лугнер.
Првата брачна ноќ ја поминаа во луксузен хотел, а актерката изјави: „Имавме многу долга прва брачна ноќ. Подолга од свадбата и прославата“.
Симоне беше шестата сопруга на Лугнер. Со својата прва сопруга Кристин Гмајнер се оженил во 1961 година, а во брак биле 17 години, до 1978 година. Една година по разводот се оженил со Корнелија Хан, со која бил во брак четири години. Откако се разведе од втората сопруга, во 1984 година се ожени со Сузан Дитрих, која почина на 34-годишна возраст по операција на носот. Со својата четврта сопруга Кристина Лугнер беше долги 16 години, а се разделија во 2007 година. Пред Симоне, тој беше во брак две години со Кети Лугнер, која беше 57 години помлада од него.
Лугнер се стекна со слава и преку состаноците од висок профил, плаќајќи огромни суми на познати лица како Ким Кардашијан и Парис Хилтон за да го придружуваат на настани.


