ТФТ ќе ја претставува македонската кошарка во Балканската лига

фото: фејсбук

Претседателот на кошаркарскиот клуб ТФТ од Скопје потврди дека неговата екипа ќе ја претставува Македонија следната сезона (2020/2021) во Балканската (БИБЛ) лига.

Боро Смилковски и спортскиот директор на лигата, Шај Штрикс зборуваа за важноста КК ТФТ да биде дел од лигата со што ќе го подобри нивото на натпреварувањето без сомнение и ќе биде од корист за обете страни.

фото: тфт

Воедно беа нагласени високите амбиции да се направи еден конкурентски состав со добри македонски играчи, како и странци да го претстават тимот на најдобар можен начин во домашното првенство и БИБЛ.

Штом се подобри ситуацијата околу патувањата, ќе има официјална посета на Штрикс на Скопје. БИБЛ продолжува со подготовките за новата сезона која се очекува да започне во октомври со 8 клуба во форма на Лига.

КК ТФТ има група сериозни бизнисмени зад себе и се среќни што имаат голема поддршка од Општина Карпош и нејзиниот градоначалник, Стефан Богоев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот