Фото: mkd.basketball

ТФТ израмни во серијата против Пелистер во мечот за третото место

Кошаркарите на ТФТ се изборија за победа од 116:112 на гостински терен против Пелистер, во Битола, излегоа како победници по 45 минути изедначена битка против Пелистер, па за неколку дена, за тоа која од овие две екипи ќе заврши како третопласирана, ќе одлучува трет меч во серијата.

Откако во регуларниот дел двете екипи, многу повеќе внимаваа во играта во нападот, и поделија по 98 поени, во екстра периодот „црно-белите“ беа за четири поени подобри.

Гордон беше предводник на одличната шутерска вечер на ТФТ, Американецот реализираше 30 поени, имаше и 13 скокови.

Одлична поддршка доби од Ташовски кој беше стрелец на 25 поени, запиша и шест асистенции и три скокови), потоа Дејвис, кој имаше 23 поени (шест асистенции и три скокови), и Стојаноски, кој забележа 15 поени, седум скокови и три асистенции.

Џенкинс застана на 37 поени, имаше и четири скокови и две асистенции, додека Вилсон постигна 27 поени (осум скокови).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот