„Тетово сака парк”: Тетово повторно прво во свет, градот е гасна комора

Прст пред око не се гледа во Тетово/Фото: Слободен печат

Граѓанската иниицијатива „Тетово сака парк” преку соопштение до јавноста реагира на актуелното високо загадување на воздухот и несоодветните политики кои доведуваат до оваа состојба градот, како што велат, да се наоѓа како во „гасна комора”.

Тие порачуваат дека политиките треба да се водат така што здравје на луѓето да биде на прво место, а на последно интересите на урбаната мафија.

А што мислеше светот, колку долго ќе издржиме во првите 10, вака способни, без да избиеме на лидерско место? Веќе неколку денови градот под Шар Планина, сега веќе национален парк, има 40 пати позагаден воздух од дозволеното поради енормна концентрација на ПМ 10 честички. Ваквата состојба се превенира со години за да не се случи, а кога ништо не е преземено, па градот е гасна комора, потребно е алармирање на сите надлежни и преземање на одговорност и воведување на нов начин на работа и креирање на политиките. Здравјето на луѓето на прво место заедно со чистата и здрава животна средина. Потоа јавниот простор, хуманата средина, развојните аспекти и така натаму. Приватниот интерес на урбаната мафија на последното место! Во спротива луѓе ќе умираат, мафијата ќе гради, институциите ќе глумат воведување на мерки, и така во круг, велат од „Тетово сака парк”.

„Тетово сака парк” како иницијатива бара создавање на парк во насока на подобрување на животната средина и помалку загаден воздух во градот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот