Игри на среќа / Фото: Илустрација

Тетовци фрлиле молотови коктели врз казино, повредиле полицајци кои биле внатре

Полицијата денеска во Тетово уапси 30-годишен жител на градот, кој е осомничен дека заедно со уште еден тетовец, фрлиле молотови коктели врз казино во градот, со што повредиле двајца полицајци дојдени во казиното по претходна пријава, соопшти МВР.

„Денеска (18.03.2022) во 07.10 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 30-годишниот тетовец А.К. поради сомнение дека заедно со тетовецот Н.Л.(34) околу 05.00 часот фрлиле шишиња со запалива течност во спортска обложувалница-казино на улица „Илинденска” во Тетово и предизвикале пожар. Притоа, со повреди се здобиле двајца полициски службеници кои во објектот преземале службени дејствија во врска со друг, претходно пријавен настан“, велат од полицијата.

Од МВР додаваат дека А.К. е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот и против инволвираните ќе следуваат соодветни поднесоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот