ТЕСНИ ЧЕВЛИ? Лесни трикови за нивно ширење во домашни услови

штикли

Нема поубаво чувство за многу жени од она што се појавува од новиот пар чевли. Но, нема ниту полошо кога се тесни и прават рани и плускавци.

Постојат неколку домашни трикови што се покажале како ефикасни за ширење на новите тесни чевли.

1. Со помош на фен

Облечете термо-чорапи и обујте ги чевлите. Дувајте со средна топлина од фенот, поместувајте го рамномерно, додека да се стопли целиот чевел. Ова најдобро функционира на кожени обувки.

2. Со помош на мраз

Ќеса за замрзнување наполнете ја со вода до една третина. Добро затворете ја. Наместете ја во чевелот и ставете ги чевлите во замрзнувач. Водата добива поголем волумен кога е смрзната, па тоа помага во ширењето на чевлите.

3. Однесете ги на чевлар

Иако ова не е трик во вистинска смисла на збор, ќе заштедите многу време и нервози доколку оставите професионалец да ја заврши оваа работа. Вие ризикувате да ја уништите бојата, површината или пак целосно да ги деформирате чевлите.

БОНУС ВИДЕО:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот