Полициска лента / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Тешко е повредено шестгодишно девојче во сообраќајна несреќа во Кичево

На крстосницата помеѓу регионалниот пат кон селото Осломеј и улицата „Загорје“ во Кичево, вчера попладне се случила сообраќајна несреќа помеѓу автомобили „форд“ и „ауди“, двата со кичевски регистарски ознаки. „Фордот“ го управувал Л.Џ. (31) од село Зајас, а „аудито“ Л.Б. (23) од селото Стрелци.

Од ударот во „фордот“ избувнал пожар, кој бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Кичево.

Во несреќата е тешко повредено шестгодишно девојче од селото Зајас, додека возачот на „фордот“ е полесно повреден. И двајцата се прегледани во Медицинскиот центар Кичево.

Увид на местото на настанот извршила екипа од ОВР Кичево.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот