Тешко повредени двајца прилепчани кај клучката „Могила”

Фото: Илустрација

Увид на местото на незгодата извршила екипа од полициската станица Прилеп. 

Патничко возило „ауди” со прилепски регистарски ознаки, управувано од 58-годишниот прилепчанец К.Ѓ., синоќа околу 19:00 часот излетало од патот Битола – Прилеп, кај клучка „Могила”.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот Д.И.(57) од Прилеп, констатирани во градската болница во Прилеп, каде што биле пренесени за укажување лекарска помош.

Увид на местото на незгодата извршила екипа од полициската станица Прилеп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот