Возило на брза помош / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Тешко повреден работник од струен удар во Куманово

Триесет и двегодишен жител на Скопје се здобил со тешки телесни повреди од струен удар при извршување работни задачи во дворно место во Куманово, информира денеска од кумановската полиција.

„Вчера во 16:50 часот во СВР Куманово било пријавено од лекар од Итна медицинска помош дека кај нив бил донесен повредениот Б.К. (32) од Скопје. Тој се здобил со повредите додека работел во дворно место на улица „100“, сопственост на Д.Н. од Куманово. По укажаната прва помош, повредениот бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување“ соопшти СВР Куманово.

Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово, а за случајот биле известени јавен обвинител и инспектор за безбедност и здравје при работа од Државниот инспекторат за труд при Министерството за економија и труд. Полицијата презема мерки за расчистување на настанот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот