Тешки денови за хрватската пејачка: На Јелена Розга ѝ дијагностицирале нарушување на срцето

Instagram
Фото: Instagram

Сплитската пејачка Јелена Розга (43) во интимниот разговор за „Глорија.хр“ зборувала за своите здравствени проблеми и за стресот со кој се соочува во текот на кариерата.

„Со денови претходно чувствував дека нешто не е во ред, но мислев дека во прашање се стрес и замор, затоа што беше јануари, а претходната година ми беше исклучително напорна. Тој ден кога ми беше дијагностицирана тахикардија, срцето ми чукаше толку многу што се исплашив дека едноставно ќе се срушам“, раскажала Розга.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Rozga (@rozgajelenaofficial)

Проблемите со срцето ги открила по еден ненадеен напад после кој сѐ се променило.

Најважно е што помалку да се вознемирувам, не само заради срцето, туку и заради тироидната жлезда. По таа епизода во јануари 2018 година, не сум имала поголеми проблеми. Досега сите концерти во изминатите три години ќе одработив без никакви проблеми. Благодарение на терапијата и дисциплината, физички се чувствувам одлично. И понатаму можам два часа да пеам и да танцувам со мојата публика“, рекла пејачката.

Розга, последните три години, е на терапија со бета-блокатори поради срцето, а веќе со години има проблеми и со тироидната жлезда. Станува збор за хормонска терапија, поради која секое утро пие таблети. А, проблемите ги открила во 2006 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Rozga (@rozgajelenaofficial)

Се разбудив изморена, постојано чувствував замор и губев на тежина. Отидов кај лекар и добив дијагноза. Набрзо почнав да земам лекови, понекогаш е тешко да се живее така, понекогаш е полесно“, раскажала популарната пејачка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Rozga (@rozgajelenaofficial)

Овие проблеми многу влијаат на нејзиното расположение, а во комбинација со стресот, сè се отежнува.

Најлошо се чувствувам денот кога имам снимање, а јас сум целосно отечена. Не си ги препознавам рацете. Добро, тоа е најмалку важно, бидејќи рацете секогаш можеш да ги скриеш, но моите очни капаци, очите, устата… Понекогаш целосно сум непрепознатлива“,скрено рекла Розга.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот