Тешка сообраќајна несреќа на патот Куманово-Крива Паланка, сообраќајот е во прекин

Полиција СТОП сообраќај сообраќајка
Полиција лента / Фото: Драган Митрески

Поради сообраќајна несреќа која се случила попладнево во 16:10 часот, сообраќајот на регионалниот пат А2, Куманово–Крива Паланка е во целосен прекин.

Според информациите од портпаролот на СВР Куманово, Ивана Младеновска, екипите на Министерството за внатрешни работи се на терен и полицискиот увид сѐ уште трае.

Според првичните информации, во несреќата учествувал камион, кој целосно го попречил патот. Повеќе детали полицијата најави по завршувањето на увидот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот