Попладнево во прекин сообраќајот од Куманово за Крива Паланка поради сообраќајна несреќа на патот
Поради сообраќајна несреќа на магистралниот пат А-2 од Куманово кон Крива Паланка кај клучка „Алфи“ попладнево е во прекин сообраќајот за сите возила на овој пат. Како што известува АМСМ, возилата се пренасочуваат преку населбата Карпош, па оттаму по локални патишта накај Крива Паланка.

