Терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“ e финансиран со криптовалути, тврди Москва

Напад на „Крокус“ - фото: ЕПА

Државјани на неколку земји биле вклучени во организирањето на терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“ во Москва, особено преку финансирање на тој напад со криптовалути, изјави денеска шефот на руската Федерална служба за финансиски надзор, Јуриј Чиханчин.

Чиханчин на меѓународниот форум за борба против перење пари и финансирање тероризам во Нижни Новгород рече дека истрагата за нападот е во тек, но дека прелиминарните резултати јасно покажуваат дека државјани на неколку земји учествувале во организацијата на терористичкиот напад.

„Нападот беше финансиран преку бројни финансиски организации и вклучуваше различни инструменти, вклучително и криптовалути“, рече Чиханчин.

Според него, меѓународниот тероризам останува главен предизвик за внатрешната безбедност на земјите, за што сведочат трагичните настани на 22 март во концертната сала „Крокус“.

„Терористичкиот напад во Крокус уште еднаш покажа дека тероризмот е транснационален феномен и дека тероризмот не треба да биде проблем само на една земја“, рече Чиханчин.

Тој им се заблагодари на финансиските организации кои одиграа голема улога во истрагата за настаните поврзани со нападот во концертната сала „Крокус“.

Според последните податоци, 145 лица загинаа во терористичкиот напад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот