Тензии во Загреб – мажи со качулки на главите сакаа да упаднат на српска изложба, реагираше полицијата
Интервентната единица на загрепската полиција вечерва спречила група маскирани мажи со качулки на главите да влезат во Српскиот културен центар, каде што се отвора изложбата „Ефемерис – легат на Дејан Медаковиќ“, со која започнуваат Деновите на српската култура, јавува „Мондо“.
Препорачано
Според неофицијални информации, инцидентот се случил на Прарадовиќева улица во центарот на Загреб. Истата манифестација, според организаторите, претходно во Сплит била попречена со насилство и говор на омраза, при што полицијата тогаш привела девет лица.
Хрватските медиуми пренесуваат дека денеска меѓу навивачките групи кружел повик за собирање во Прарадовиќева улица. Откако се собрале околу 50 мажи, тие почнале да скандираат „Независна држава Хрватска“, а потоа да извикуваат „За дом спремни“. По кратко време, групата се повлекла од местото на настанот.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5час
-
6час
-
6час
-
6час
-
7час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


