Трибината ќе се одржи во Кинотеката во Скопје

Тематска трибина проследена со филмска проекција ја третира осаменоста на повеќе категории граѓани

По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на толеранцијата (16 ноември) „Inner Wheel Клуб Скопје Еуропеа“ организира настан со тематски наслов „Осамени и ние и тие (како сѐ започна)“. Оваа тема ја третира осаменоста на повеќе категории граѓани.

Тематската трибина ќе се одржи на 19 ноември (среда), во Кинотека на Северна Македонија, со почеток во 18:30 часот. Настанот ќе го отвори претседателката на клубот, Гена Теодосиевска. Потоа ќе следува проекција на краткиот игран филм „Обичната Ели“ на режисерката Лавинија Софрониевска.

На трибината со свои искажувања учество ќе земат: Лаура Салиу, претставник на социјалниот сервис „Итно копче“ при Црвен крст на град Скопје; Елеонора Андонова, социјален работник при Црвен крст на град Скопје; Ивона Ѓорѓиева, психолог од Црвен крст на град Скопје; Тиана Ивановска, психолог од центарот „Себесложувалка“; и Игор Џамбазов, актер.

Модератор на настанот ќе биде Гена Теодосиевска. По завршувањето на настанот клубот организира дружење во фоајето на Кинотека на Северна Македонија.

Женската организација „Inner Wheel Клуб Скопје Еуропеа“ е основана на 17 декември 2016 година во Скопје и има 17 жени-членки, секоја од нив успешна и докажана во полето на коешто работи, со силен личен мотив за солидарност и помош на оние на кои им е потребна, како и со желба и можности за делување преку разни хуманитарни акции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот