„Телеграмисти“ и „Јавни Собисти“, да ви објаснам што е к*рва!

Дојдов до некој скромни информации за групата „Јавна Соба“ на апликацијата „Телеграм“ и решив дека имам нешто да им соопштам на тие момци.

Од прилика вака била идејата.

Неколку момци сакале да ги прикажат „к*рвите“ во градот повторувам „к*рвите“ и тргнале и стасале до над 7 000 членови.

Вака сине…

Не е к*рва таа што на 14 или 15 или 16 години одлучила да биде интимна со тебе.

Таа е наивна, незрела и зелена синко.

Таа ти верувала тебе и решила да легне со тебе. Решила веројатно затоа што чуствувала нешто кон тебе или пак била изгубена од себеси во тој момент од разно разни надворешни фактори.

Почнувајки од опијати па се до домашни семејни односи.

К*рва сине да ти каже чичо не е сексуална категорија туку нешто друго тоа е девијација на каратерот и е многу ретка кај жените.

К*рва синко е тој кој што ќе натера некого да стори нешто само за него и потоа ќе ја остави на цедило покажувајки ја на останатите.

Незнам твоите што те учеле дома ама овој чичко од оваа страна познава баш онакви што би ги рекол ти „к*рви“ на излог што стојат.

Е таквите се по другари и по луѓе од пола Македонија, имаат душа и знаат зошто го прават тоа.

А дали ти знаеш?

Веројатно НЕ…

Затоа сине верувај му на чичо во едно.

Не е „к*рва“ ни мајка ти ако татко ти ја фатил со друг туку е татко ти зошто не бил тука кога и требал на мајка ти (не мислам во сексуална смисла)

Ја излажал дека е ваков а потоа станал онаков едноставно ја оставил на лед.

И синко што лови „к*рви“ не си ни ти толку к*рва затоа што не те насочиле правилно.

Поголеми к*рви се оние чичковците од 40+ кои се закачиле на групата и д*кале на вашите снимки.

Запрашај се мали дали можеби и твојот е меѓу нив.

Запрашај се мали дали ти на местото на таа „к*рва“ би имал мадиња толку да веруваш во друг.

Запрашај се ако воопшто можеш??

Можеш ли?

Тешко, еден ден синко ќе се жениш и ваљда по кодот на однесување ќе си најдеш адекватна личност.

Гледај драг мој пилиштару да не ја лажеш каков си дека кога ќе те открие ќе те одсака и ќе засака друг.

Кој е тука „к*рвата“

Имам уште многу што што да ти кажам, ама неможам сафра ми се збира во грло.

Помисли само ќерка ќе имаш еден ден, ќерка која ќе засака некој девијантен како тебе помисли!

Посебен голем поздрав до оние возрасните кои се самозадоволувале по овие снимки.

Можете ли да се погледнете во огледало?

Мислам дека ќе повратам…

Поздрав.

Фејсбук статус на Ерол Ерко Одиесеа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот