Телефонски разговор на Блинкен со Мас и Луиџи ди Мајо
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен синоќа телефонски разговараше со Хајко Мас и Луиџи ди Мајо, германскиот и италијанскиот министер за надворешни работи, за активностите со овие клучни сојузници околу евакуацијата и релокацијата од Авганистан.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Блинкен му се заблагодари на Мас за поддршката на Германија со олеснувањето на транзитот на иллјадници луѓе од Авганистан низ воените бази на САД во Германија, се вели во соопштението од Стејт департментот. Блинкен и Мас исто така разговарале и за начините за безбедноста и сигурноста на авганистанските и меѓународните државјани по повлекувањето на силите на НАТО.
Со италијанскиот министер ди Мајо, државниот секретар разговараше за плановите на САД и Италија за дипломатски, безбедносени и хуманитарен ангажман во Авганистан.
Извор: МИА


