Телефонски броеви за донации за Хрватска – Црвен крст со апел за помош по разорниот земјотрес

30 декември 2020. Петриња, Хрватска / ФОТО: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Со големo жалeње ја слушнавме веста за катастрофалниот земјотрес кој ја погоди областа на Петриња и Сисак во Република Хрватска на 29 декември, 2020 година. Искрено сочувствуваме со семејствата на загинатите и повредени граѓани на Република Хрватска. По случувањето на земјотресот, Црвениот крст на Република Северна Македонија упати телеграма со сочувство и оствари контакт со Хрватскиот Црвен крст околу проценка на состојбите и обезбедување на хуманитарна помош за погоденото население од катастрофата, се вели во соопштението од Црвен крст на РС Македонија.

Оттаму ги понудија специјализираните тимови за одговор и дејствување при катастрофи, материјална помош од стоковите резерви на организацијата како и финансиска помош за погоденото население.

Со цел да обезбедиме солидарна поддршка на граѓаните и компаниите на Република Северна Македонија за погоденото население од земјотресот во Република Хрватска, Црвениот крст на РСМ објавува Апел за мобилизирање на финансиска помош за настраданото население. Хуманитарната акција ќе трае до крајот на месец јануари 2021 година, апелираат од хуманитарната организација.

Средства може да се донираат на телефонските броеви за донации. Со еден повик на телефонските броеви донирате 100 денари за хуманитарна помош на настраданото население во Р. Хрватска:

За корисниците на Македонски Телеком 070 143 400
За корисниците на А1 Македонија 075 143 400

Заинтересираните лица, компании и институции може да донираат финансиски средства преку жиро сметката на Фондот за Солидарност на Црвен крст на РСМ:

Фондот на солидарност на Црвениот крст на Република Северна Македонија
Жиро сметка: 300000001327966
Даночен број: 4030984271620
АД Комерцијална Банка

Граѓани од други земји може да донираат на:

Name of the organization: Red Cross of the Republic of North Macedonia
Bank name: Komercijalna Banka AD Skopje
Bank address: ul. Orce Nikolov no.3, 1000 Skopje, North Macedonia
Bank account: 300000000000133 25730522-11
Swift code: KOBSMK2X
Iban code: MK07300701000001228

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот