„Тејлор Свифт и нејзиниот свет“: На Харвард ќе се учи за глобалното влијание на пејачката

Фото: Shanna Madison / Zuma Press / Profimedia

Тејлор Свифт (33) го „полуде“ светот, бројните обожаватели се воодушевени од нејзините концерти, а се чини дека и престижниот Универзитет Харвард е обземен од нејзиното влијание.

Од следната година ќе започне новиот курс наречен „Тејлор Свифт и нејзиниот свет“, кој ќе ги истражува нејзината музика, текстови и културно влијание. Курсот исто така ќе разгледа како нејзината работа влијаела на другите уметници, писатели и на денешната младина, пишува „ТБС њус“.

Успехот на Тејлор со нејзината турнеја „Ери“ е доказ дека таа има големо влијание врз помладата генерација. Нејзиното присуство има траен ефект врз нејзината растечка база на обожаватели, без разлика дали тоа е преку нејзините разговори или песни.

Наставната програма дополнително ќе истражува како нејзините уметнички придонеси се вкрстуваат со литературниот канон.

Инаку,веќе два универзитети нудат нови курсеви кои ќе ја истражуваат музиката на Тејлор Свифт и другите женски уметници. Професорката Стефани Бурт ќе предава курс на Универзитетот Харвард со наслов „Тејлор Свифт и нејзиниот свет“. Курсот ќе ја разгледа музиката, стиховите и културното влијание на Свифт.

Мелина Хименез ќе предава курс на Универзитетот во Флорида со наслов „Музичко раскажување приказни со Тејлор Свифт и други иконски женски уметници“. Списокот вклучува некои од легендарните имиња како Арета Френклин, Били Холидеј и Доли Партон.

Сепак, Харвард и Универзитетот во Флорида не се единствените универзитети кои вклучуваат специјални курсеви за поп-кралицата. Универзитетот Гент во Белгија, Универзитетот во Тексас, Колеџот за музика Беркли, Универзитетот во Калифорнија се дел од високообразовните институции кои се воодушевени од глобалното влијание на пејачката.

„Ние сме доволно среќни што живееме во време кога еден од нашите главни уметници е исто така еден од најпознатите луѓе на планетата, зошто не би имал курс за тоа?“, вели професорката Стефани Бурт.

Тејлор Свифт држи повеќе рекорди за продажба на албуми, стриминг на нејзините песни и многубројни признанија. Таа постојано е на врвот на музичките топ-листи. Преку нејзините песни таа поседува неспоредлив капацитет да се поврзе со публиката.

Сепак, Тејлор Свифт не е единствената која има целосен универзитетски курс под нејзиното име. Претходно беше понуден курс за Хари Стајлс, од Државниот универзитет во Тексас. Универзитетот Беркли понуди и курс за Ники Минаж. Во меѓувреме, државата Сан Диего одржа час за Бед Бани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот