Тегнел: „Шведскиот модел” против коронавирусот е подобар на долг рок

epa08357021 People sit outside in the sun trying to keep social distance after calls from the authorities on Easter weekend in central Stockholm, Sweden, 11 April 2020, during spring weather. Countries around the world are taking measures to contain the widespread of the SARS-CoV-2 coronavirus which causes the Covid-19 disease. EPA-EFE/Anders Wiklund SWEDEN OUT

На долг рок, „шведскиот модел” ќе се покаже како подобар, бидејќи строгите мерки за ограничување, црвените зони и карантинот можат да се применат само за кратко време.

Наместо да се смеете на нашиот модел за борба против Ковид-19, подобро е нешто да научите од нашето искуство, затоа што карантинот и другите ограничувања воведени во сите европски земји можат да функционираат само за кусо време, а на долг рок шведскиот модел е подобар.

Ова го тврди творецот на таканаречениот „Шведски модел” за одбрана од пандемијата Андрес Тнегел во писмо што го објави порталот Политико.

Шведската Влада не воведе рестриктивни мерки, туку само ги упати на граѓаните како да се однесуваат, што резултираше во повеќе заразени и повеќе жртви од коронавирус отколку во земјите што воведоа карантин.

Во писмото се објаснува дека „шведскиот модел” не е ист како оној што бил применет во САД и Бразил, односно „живеј и дозволи да се умре”, ниту е метод „секој се грижи за себе”, туку „сите за сите”.

„Шведскиот модел” за одбрана од коронавирусот има историски корени и се заснова на идејата дека секој треба да учествува во одбраната (не само против зараза, туку и во други ситуации) и дека сите треба да придонесат.

На долг рок, „шведскиот модел” ќе се покаже како подобар, бидејќи строгите мерки за ограничување, црвените зони и карантинот можат да се применат само за кратко време.

– Да се ​​спротивставиме на кризи што траат подолго или се враќаат во бранови е можно само преку одговорно учество и однесување на сите граѓани, се вели во писмото од Стокхолм објавено од онлајн списанието „Политико”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот