„Те молам немој да ме застрелаш“: Објавена нова снимка од апсењето на Џорџ Флојд (ВИДЕО)

На досега необјавените снимки од камерите кои се наоѓале на униформите на полицајците се гледаат нови детали од кобното апсење на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој почина на 25 мај.

Неговата смрт беше причината за огромните протести ширум САД и светот.

На видеозаписите кои Дејли мејл ги доби од камерите на двајцата поранешни полицајци кои учествувале во апсењето на Флојд може да се види како исплашениот Флојд се бори со службениците кога се наоѓале во задниот дел на автомобилот, пишува Си-Ен-Ен.

– Те молам немој да ме застрелаш, те молам, се слуша како вели видно исплашениот Флојд.

Тој вели дека е кластрофобичен, додека го буткале во полициското возило.

Лондонски Дејли Мејл не објави како ги добиле снимките од полициските камери. Судот одлучи дека тие се достапни во ограничена форма и одби да ги направи достапни за новинарските здруженија.

Адвокатот на фамилијата на Флојд соопшти дека на снимките кои излегле во јавност се гледа дека Флојд не претставувал никаква закана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот