Димитар Пенев/ EPA/ARMANDO BABANI

Тажна вест: Почина најдобриот селектор во историјата на Бугарија

Бугарскиот спорт денеска е во жалост по веста за смртта на легендарниот Димитар Пенев, човекот кој останува запаметен како најуспешниот селектор во историјата на бугарската фудбалска репрезентација.

Пенев почина на 80-годишна возраст, а зад себе остави неизбришлива трага, пред сè со историскиот успех на Светското првенство во 1994 година, кога Бугарија под негово водство го освои четвртото место.

Како фудбалер, најголемиот дел од кариерата го мина во дресот на ЦСКА Софија, настапувајќи како дефанзивец. Со овој тим успеа да освои седум шампионски титули и пет национални купа.

Пенев беше и долгогодишен репрезентативец на Бугарија, настапувајќи на мундијалите во 1966, 1970 и 1974 година. Репрезентативната кариера ја заврши со 90 настапи и два постигнати гола, оставајќи длабок белег во историјата на бугарскиот фудбал.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот