Тажна вест: Почина момчето на тенисерката Арина Сабаленка

Фото: Aryna Sabalenka /Instagram

Утрово ни пристигнува една тажна вест од светот од спортот, почина момчето на тенисерката Арина Сабаленка, Константин Колцов.

Колцов беше дел од рускиот клуб Салават УФА каде што работеше како помошник тренер, а неочекувано почина на 42-годишна возраст. Неговиот клуб ја потврди трагичната вест.

„Со голема тага известуваме дека тренерот на Салават Константин Колцов почина. Тој беше весела личност, сите го сакаа и почитуваа како играчите, така и колегите и навивачите. Засекогаш ќе остане запишан во историјата на нашиот клуб“, стои во соопштението на клупскиот сајт.

Тој е поранешен професионален хокејар кој играше на Олимпсиките игри во 2002 и 2010 година, а за репрезентацијата на Белорусија запиша 123 настапи постигнувајќи 23 гола и 21 асистенција. Во врска Сабаленка беше од 2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот