Таткото на Халанд за инцидентот во ложата: Моравме да заминеме за да не настанат дополнителни проблеми

Фото: Screenshot

Реал Мадрид и Манчестер Сити одиграа 1:1 во вчерашниот прв натпревар од полуфиналето во Лигата на шампионите, меѓутоа освен ситуациите на теренот по натпреварот се зборуваше и за таткото на Ерлинг Халанд.

Алф-Инге Халанд натпреварот го следеше од ложата на „Бернабеу“, но во еден момент влезе во расправија со навивачите на Реал Мадрид. Шпанските медиуми објавија дека таткото на фудбалерот, но и останатите кои го придружувале правеле проблеми во алкхолизирана состојба, ситуацијата беше решена така што тој и пријателите беа отстранети од ложата.

Денес тој се огласи и објасни што се случувало и според неговата изјава се започнало затоа што го прославил голот на Де Брујн за изедначување.

„Навивачите на Реал Мадрид не беа среќни затоа што Манчестер Сити израмни и ние го славевме голот. Моравме да заминеме од местото за да не настанат дополнителни проблеми“, изјавил таткото на Халанд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот