Таткото на Боки 13: На Бојан му остана само 10 проценти од желудникот, го третираат како најголем терорист

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Таткото на Бојан Јовановски, Миле Јовановски во интервју за „Блиц“,  зборуваше за својот син кој моментално ја издржува деветгодишната затворска казна за случајот „Рекет“.

Миле Јовановски вели дека на Боки 13 му останал само десет проценти од желудникот, условите во затворот се катастрофални и вели дека е третиран како најголем терорист.

 Ми недостига Боки. Неговото здравје не е добро, има речиси десет проценти од стомакот, а има и други здравствени проблеми. Оваа влада го третира како да е најголемиот терорист во историјата. Катастрофа, тоа е страшно мачење. Тој нема услови таму. Треба да јаде по малку 8, 9 пати на ден. Тој бара да се одмори од казната, но тоа не му го даваат за да се опорави малку. Тој е инвалид на кој му треба помош – изјави Миле за „Блиц“.

Миле Јовановски додал дека кога Бојан бил уапсен, многу луѓе го оставиле и дека бил осуден без докази.

Жена ми оди на посета. Боки е жив оган. Тој го прави она што никој не го знае и не може. Боки е осуден за пропаганда. Некој го искористил. Тој е во затвор, а другите се кријат. Смешно е, знаат сите граѓани. Марина додека беше жива доаѓаше и Фута. Кога дојде до тоа спектакуларно апсење, многу луѓе го напуштија. Немале докази, а го осудиле. Се е направено со дослух на властите кои и денеска се на функција – вели Миле Јовановски.

Како што пишува „Блиц“, Миле Јовановски се расплакал на крајот од интервјуто и им порачал на луѓето кои се уште го сакаат и поддржуваат неговиот син, дека Бојан ќе се врати од затвор како нов човек.

Тој сè уште ја сака музиката до ден-денес. Уште како дете почна да се занимава со водителство. Се гледаше дека беше шоумен, имаше 10, 11 години. На 13 години ја донесе Руслана. Соседите го поздравуваа, сите го фалат, го охрабруваат да издржи. На луѓето кои го сакаат би им рекол да „очекуваат нов Бојан“, порачал Миле Јовановски.

Во 2020 година, Боки-13 доби затвор од 9 години за делата примање награда за противзаконито влијание и за перење пари, а во целата афера беше вмешан Миле Јовановски кој ја издржуваше казната во домашен притвор.

Истрагата за случајот „Рекет“ обвинителката Вилма Русковска ја отвори на 15 јули 2019, година, кога беше уапсен и Јовановски, кој од тогаш се наоѓа во притвор во затворот во Шутка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот